Во светот постојат доста чудни и интересни нешта за кои можеби не сте слушнале. Една од нив е и следнава...
Луѓето во Индија јадат сребро. Среброто може да се кова се додека не достигне дебелина 150 пати потенка од лист од книга. Во Индија, ова премногу тенко парче сребро го користат како декорација за храната, да изгледа поубава. Тие ја јадат таа декорирана храна, заедно со декорацијата. Дали вие би сакале да видите сребрена кокошка на масата за време на ручек?
Во Индија исто така, обвиваат лекови и апчиња со сребро. Петнаесет проценти од светското снабдување со сребро доаѓа токму од оваа голема земја. Многу од ова сребро Индијците го користат како накит.
Тоа е како да имате „џебна“ банка со вас. Доколку им се потребни пари, само може да извадат парче накит од себе и да го продадат. Луѓето кои го коваат среброто, вложуваат многу труд за да ја постигнат таа тенка форма.
Среброто мора да биде удрено 18,000 пати за да ја достигне дебелината 150 пати потенка од хартијата!
| Коментари |
|




Францускиот новинар Клод Моссе во 1977 година одлучил да патува околу светот за 80 дена. Исто како и јунакот на Жил Верн, сакал да го заврши своето патување во англискиот машки клуб London Reform Club, каде што бил и член. За време на патувањето бил ограбен два пати, преживеал тајфун и судири на возови, а стигнал во клубот 5 часа пред рокот. Сепак дознал дека влезот му бил забранет. Причината била едноставна, се обидел да го сврти вниманието на ефтин начин.
NE MOZEV OVOJ 4OVEK DA GO SVATAM DOLG...
filozofot koj skoro ima postignato se...
this is men who is the best filozov ...
kakvi se tie catali, neli se vikaat J...
Moze zatoa sto temperaturata na koja ...