Вие се наоѓате : Насловна Светот на животните Зошто зебрите имаат линии по телото?

DALI STE ZNAELE

НАРАЧКА НА КНИГА СО 10% ПОПУСТ

Банер

ИСПРАТЕТЕ И ВИЕ

Учествувајте и вие со ваши текстови на нашиот сајт. Ве очекуваме !


... ИСПРАТИ ...

Зошто зебрите имаат линии по телото?

zebraЗебрите имаат линии кои имаат цел да ги сокријат во природата а во едно и да ги заштитат од предаторите. Ова би можело да се спореди со војниците за време на војна, кога носат шлемови прикриени со лисје и пробуваат да го сокријат оружјето исто така прекривајќи го со лисје кое одговара на средината. Ова се нарекува камуфлажа. Ако мислите дека зебрата не го познава овој збор, верувајте дека таа многу добро знае колку и е потребна заштитата, и добро ја користи. Поради фактот што зебрите живеат во иста средина со лавовите, нивните најголеми непријатели, заштитата им е неопходна.

Иако зебрата е од фамилијата на коњите, нивната необична боја многу ги разликува од останатите роднини во животинскиот свет. Бојата која се состои од паралелни линии од црна или кафена на бела позадина се како дизајн кој го прекриваат целото животно, дури и нивниот опаш и ушите.

Темпераментот на зебрата е навистина различен од другите членови во семејството на коњите. Зебрите се исклучително тешки за дресирање, и се сметаат за диви животни. Во зоолошките градини, зебрата се смета за опасно животно и секогаш околу нив има знаци за посетителите да се држат настрана.

Како што претходно пишувавме во една статија за отисоците од прстите кај луѓето, така и кај зебрите - ниту една зебра нема исти линии како некоја друга, секоја самата по себе е уникатна!

 

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Банер
Банер

Дали знаете ?

Колку видови пепрутки се регистрирани во Македонија ?
 

Последни коментари

Пребарување

Банер

КРАТКИ ПРИКАЗНИ

Реката Арал, во Пакистан, шест месеци во годината патува од реката Инд кон езерото Маншар, а другите шест месеци од езерот назад кон реката Инд.