Денес се повеќе луѓе се свртуваат кон традиционалните или алтернативни облици на медицината за да си го подобрат здравјето. Овие начини на лекување имаат холистички пристап т.е. го лекуваат лицето како целина со цел да ја обноват приросната состојба на рамнотежа и склад во организмот. Постојат повеќе воидови на алтернативна медицина: акупунктура, александрова техника, арома терапија, ајурведа, кинеско билкарство, хиропрактика, хомеопатија, хидротерапија, остеопатија, рефлексологија, шијацу и јога.
АКУПУНКТУРА
Акупунктурата ги лечи болестите со боцкање на игли во одредени делови на кожата. Овие точки лежат долж невидливите енергетски текови, меридијани кои се поврзани со внатрешните органи. Иглите отвораат, го зголемуваат или го намалуваат протокот на енергија (чи) за да се обнови рамнотежата и здравјето.
АЛЕКСАНДРОВА ТЕХНИКА
Оваа терапија се обидува да спречи низа пореметувања со подобро држење на телото. Оваа техника ја развил австралискиот актер Ф. Матијас Александар (1869-1955) кога открил дека заради лошото држење го изгубил гласот.
АРОМА ТЕРАПИЈА
Овој облик на лекување користи силно концентрирани масла, екстрахирани од растенијата. Маслата можат да се користат
за масажа, за капење или можат да се вдишуваат. Пионер на модерната арома терапија е францускиот хемичар Рене Гатефос (1881-1950) кој ги лекувал
војниците во првата светска војна.
АЈУРВЕДА
Ајурведата е најстариот систем за индиската медицина. Зборот е со потекло од санскритот, а значи „наука за животот“. Лековите, главно растителни, се бираат според способностите на ускладување на рамнотежата помеѓу пациентот и надворешните влијанија, како
што се исхраната. работата или семејниот живот.
КИНЕСКО БИЛКАРСТВО
овој метод на природно лекување е заснован на обновување на рамнотежата, помеѓу јин (женско) и јан (машко) во енергетските текови на организмот. Според болеста се одредуваат комбинации на растенија кои се земаат во облик на чај, прашок или апче.
ХИРОПРАКТИКА
Хиропрактичар ја отстранува болката со помрднување на зглобовите, посебно во `рбетот. Овој метод се користи за отстранување на болките во зглобовите мускулите и `рбетот. За основач на модерната хиропрактика се смета американецот Дејвид Даниел Палмер (1845-
1913).
ХОМЕОПАТИЈА
Хомеопатијата користи мошне мали количества материи кои во големи количества предизвикуваат симнтоми од кои пациентот боледува. Целта е да се стимулира одбраната на организмот, со цел тој самиот да се бори против болеста. Основач на хомеотерапијата е германскиот лекар Семуел Ханеман (1755-1843).
ХИДРОТЕРАПИЈА
Хидротерапијата ја користи водата, во вид врели и студени капења или млазеви, за да ја поттикне способноста организмот да си помогне самиот. Првиот центар за хидротерапија во Британија го основал доминиканецот Себастијан Кнајп (1821-1897).
ОСТЕОПАТИЈА
Остеопатите може да се дијагностицираат и да излекуваат пореметувања на коскената рамка на телото. Тие со рацете ги масираат и ги мрдаат зглобовите, повторно воспоставувајќи нормални движења. Остеопатијата ја основал американскиот лекар Ендрју Тејлор Стил (1828-1917).
РЕФЛЕКСОЛОГИЈА
Во овој вид лекување одредени области на стапалото, познати како области на рефлекси, им одговараат на одредени делови од телото. Со вешта масажа на одреденото подрачје се укинуваат препреките во енергетските текови, а на оболениот дел од телото му се овозможува да оздрави. Оваа техника ја развила Јунис Ингам (1889-1974) во Соединетите Американски Држави.
ШИЈАЦУ
Шијацу е јапонски збор и значи „притисок на прст “. Терапевтот го користи притисокот на стотина површни точки долж меридијанот на телото за повторно да ја воспостави рамнотежата на квалитет и количество енергија. Овој систем го популаризирал Токуџиро Намакоши (1905-1994).
ЈОГА
Овој познат индиски систем го комбинира физичкото, психичкото и духовното здравје., Најчест облик е хата јогата, низа вежби и положби за подобрување на физичкото и психичкото здравје. Јогата во Индија се применува со илјадници години.
| Коментари |
|




Првиот сладолед на стапче бил направен многу одамна, а го направиле Римјаните.Тоа било парче мраз на кое му додавале на пример вкус на чоколадо,ванила или јаболко и потоа го лижеле.Колку убава идеа смислиле Римјаните нели?
NE MOZEV OVOJ 4OVEK DA GO SVATAM DOLG...
filozofot koj skoro ima postignato se...
this is men who is the best filozov ...
kakvi se tie catali, neli se vikaat J...
Moze zatoa sto temperaturata na koja ...