Титаник бил Британски прекуокеански патнички пароброд од класата Олимпик сопственост на Вајт Стар Лајн, компанија која организирала редовен прекуокеански сообраќај помеѓу Велика Британија (обично од Саутхемптон) и САД (обично до Њу Јорк). Бил изграден во бродоградилиштето Харланд и Вулф. Во времето кога бил изграден, бил најголемиот патнички брод. Бил изработен според најсовремените технологии и популарно се верувало дека е „непотоплив“. Палубите и просториите од првата класа на бродот биле особено луксузни и убаво уредени.
Имал носивост од 46.328 бруто-регистарски тони, должина од 269,1м, парни турбини со 59.000 коњски сили, максимална брзина при полн товар од 24 јазли (44,57 км/ч) и капацитет од 3.547 патници.
За време на првото патување, Титаник удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14. април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15. април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи. Остатоците од Титаник биле пронајдени на координати ( [Prikazi go mestoto na interaktivnata mapa] 41°43′55″N, 49°56′45″W ) на океанското дно на длабочина од 3800м на 1. септември 1985 година од заедничка американско-француска експедиција, 22км подалеку од последната позната позиција на бродот. Крмата лежела 600м подалеку од носот на бродот, а голем дел од предметите и делови од бродот биле расфрлани на морското дно помеѓу нив.
| Коментари |
|




сакам уште нешто пов...
NE MOZEV OVOJ 4OVEK DA GO SVATAM DOLG...
filozofot koj skoro ima postignato se...
this is men who is the best filozov ...
kakvi se tie catali, neli se vikaat J...