Вие се наоѓате : Насловна Светот на животните Зошто кучињата лаат?

DALI STE ZNAELE

НАРАЧКА НА КНИГА СО 10% ПОПУСТ

Банер

ИСПРАТЕТЕ И ВИЕ

Учествувајте и вие со ваши текстови на нашиот сајт. Ве очекуваме !


... ИСПРАТИ ...

Зошто кучињата лаат?

barЕволутивниот биолог Кетрин Лорд смета дека не се работи за тоа дека кучињата комуницираат со своите сопственици туку дека одговорот на ова прашање е поврзан со историјата на кучешкиот вид. Според Лорд, домашните кучиња не комуницираат преку лаењето и немаат некоја намерна порака која сакаат да ја пренесат преку него како „Сакам да играм“ или „Куќата гори.“ Всушност, лаењето е аудитивен сигнал поврзан со еволутивното однесување познато како мобинг - групен одговор вообичаено инициран од една индивидуа која забележува како се приближува некој натрапник.„Сметаме дека кучињата лаат заради овој внатрешен конфликт и ова мобинг однесување, додека домашните кучиња лаат повеќе, заради тоа што почесто се наоѓаат во конфликтни ситуации“ вели Лорд. Причината за лаењето Лорд и нејзините колеги ја бараат назад во историјата до првите кучиња кои почнале да живеат околу човечките отпади со храна пред 8.000 - 10.000 години. Од еволутивна гледна точка, кучињата избрале да останат на едно место, совладувајќи го стравот со цел на крајот да дојдат до храна. Исплашените кучиња не преживувале, додека оние помалку исплашените останувале, така доаѓале до храна и така преживувале и се размножувале. Оттаму ја наследиле таа тенденција да лаат. За разлика од нив, дивите животни, како волците, кога ќе слушнат нешто бегаат уште пред да бидат забележани. Кучињата од друга страна, остануваат со цел да ја заштитат својата територија и колку што е поблиску натрапникот толку повеќе преовладува тој мобинг нагон да се избрка натрапникот отколку нагонот да се избега.

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Банер
Банер

Дали знаете ?

Колку видови пепрутки се регистрирани во Македонија ?
 

Последни коментари

Пребарување

Банер

КРАТКИ ПРИКАЗНИ

Кучешкото сетило за мирис е многу помоќно во однос на човечкото сетило за мирис. Кучињата имаат 20 пати повеќе мирисни рецепторни клетки од човекот, а миризниот дел во кучешкиот мозок сразмерно е многу поголем од соодветниот дел кај луѓето.