Вие се наоѓате : Насловна Наука Заљубување

DALI STE ZNAELE

НАРАЧКА НА КНИГА СО 10% ПОПУСТ

Банер

ИСПРАТЕТЕ И ВИЕ

Учествувајте и вие со ваши текстови на нашиот сајт. Ве очекуваме !


... ИСПРАТИ ...

Заљубување

zaЗа заљубувањето се направени многу научни проучувања и се изнесени многу теории. Според една од нив, во љубовта постојат три етапи: страсна желба, привлечност и поврзаност. Страсна желба, привлечност и приврзаност. Страсната желба не наведува на потрага по партнер, привлечноста ни помага да го сосредоточиме вниманието на соодветниот партнер, а приврзаноста ни гарантира дека партнерите ќе останат заедно и ќе го одгледуваат породот. Испитувањата на процесите во мозокот укажуваат на тоа дека привлечното лице го поттикнува мозочниот центар на задоволството. Во текот на заљубувањето мозокот ослободува хемиска супстанција слична на амфетаминот, со што се објаснува наливот на возбудување, забрзана работа на срцето, губење на апетитот и лошиот сон. Наливот на емоции во првите неколку недели и месеци по запознавањето на партнерот обично не трае многу долго. Научниците тврдат дека етапата на привлечност трае од 18 месеци до 3 години. По тој период продолжувањето на врската значи создавање постојана приврзаност, заснована врз заеднички интересирања, пријателство и обврска. Во основата на оваа теорија е дека по 3 години секое дете е доволно биолошки израстено, па парот може да се раздели и да почне од почеток.

Мирисот и привлечноста

Научниците откриле дека луѓето имаат различен вкус во поглед на телесните мириси. Во една студија мажите речиси секогаш повеќе го сакале мирисот на жената чиј имунолошки систем се разликувал од нивниот. За тоа постои оправдана причина: децата на родители со различни имунолошки системи имаат најголеми изгледи да се одбранат од болести.

Извор: ЧОВЕК – Голема Илустрирана Енциклопедија, Младинска книга Скопје, 2007, стр. 210

 

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Банер
Банер

Дали знаете ?

Колку видови пепрутки се регистрирани во Македонија ?
 

Последни коментари

Пребарување

Банер

КРАТКИ ПРИКАЗНИ

Богородичната црква е катедралата на Париз и седиштето на архиепископот на градот. На врвот од катедралата стојат 13 обезбоени статуи. Дванаесет гледаат нанадвор и ги прикажуваат Дванаесетте апостоли, додека на тринаесеттата е прикажан самиот архитект, како гледа навнатре, со раширени раце.