Дали некогаш сте си помислиле колку прекрасните ѕвезди кои светкаат навечер се далеку од нас? Одговорот за ова прашање е дека се навистина далеку од нашата планета. Далечината на ѕвездите не се мери во метри или колoметри, како што сите дистанци знаеме да ги мериме во километри, туку нивната оддалеченост ја мериме со времето кое било потребно нивната светлина да стигне до земјата. Светлината е најбрзото нешто кое се движи низ универзумот. Се движи со брзина од 300.000 километри во една секунда. Потребно е само две секунди да се стигне од Месечината до Земјата, а 8.3 минути од Земјата до Сонцето.
Ѕвездите кои се видливи за нашите очи може да се десетици до стотици светлосни години далеку од нашата Земја. Светлината која пристига до нашите очи, всушност тоа на таа ѕвезда и се случило пред многу години. Звучи неверојатно. Најблиската ѕвезда е Alpha Centouri која е оддалечена 4.3 светлосни години од Земјата, а најоддалечената ѕвезда која е видлива со голо око е 1000 светлосни години далеку од нашата планета.

Сонцето е исто така ѕвезда, но свети многу повеќе од останатите поради тоа што тие се премногу далеку од нас за нивната светлина да ја гледаме само како точки на небото. Исто така, некои ѕвезди кои се премногу далеку светат 50,000 пати повеќе отколку Сонцето, а некои пак кои е поблиску светат и многу помалку од Сонцето па затоа ни е потребен телескоп за да можеме да ги видиме.
Кога оваа светлина ќе мине низ Земјината атмосфера се собира во една точка поради густината, температурата итн. Ако ги набљудуваме ѕвездите директно од вселената, тогаш би можеле да ја видиме вистинска светлина.
| Коментари |
|




сакам уште нешто пов...
NE MOZEV OVOJ 4OVEK DA GO SVATAM DOLG...
filozofot koj skoro ima postignato se...
this is men who is the best filozov ...
kakvi se tie catali, neli se vikaat J...