Вие се наоѓате : Насловна Човековото тело Зошто мразот се лепи за кожата?

DALI STE ZNAELE

НАРАЧКА НА КНИГА СО 10% ПОПУСТ

Банер

ИСПРАТЕТЕ И ВИЕ

Учествувајте и вие со ваши текстови на нашиот сајт. Ве очекуваме !


... ИСПРАТИ ...

Зошто мразот се лепи за кожата?

За да дознаеме зошто мразот се лепи за кожата, прво треба да се види кој е неговиот состав. Гледано од надворешната страна, можеме да кажеме дека тоа е вода која на одредена ниска температура се замрзнува и станува мраз, меѓутоа молекуларната основа покажува нешто сосема друго. 

Сите знаеме дека водата е составена од два молекула на водород и еден молекул на кислород (H2O). Меѓутоа, кислородот има два дополнителни пара на електрони кои се познати како осамени парови. Тие два пара електрони на молекулите на водата им даваат облик на пирамида.  

Кога еден од осамените парови на кислородот ќе се поврзе со водородниот атом на соседен молекул, започнува интеракција на молекули која е позната како водородно поврзување. Секој молекул на водата се поврзува со најблискиот до него преку тоа водородно поврзување. Така, кога водата е во течна состојба молекулите го менуваат своето меѓусебно дејствување и продолжуваат со поврзување со нови молекули и на тој начин се добива текот на водата. Но, кога температурата е премногу ниска, молекулите не можат да ја прекинат меѓусебната интеракција и да се поврзуваат со нови молекули. Поради тоа, тие остануваат на едно место и остваруваат тридимензионално водородно поврзување.  

На површината на мразот се наоѓаат водородни и кислородни молекули кои што се свртени кон надворешната страна на мразот и не се поврзани со други молекули. Тие бараат партнер со кој ќе се поврзат и кога ќе дојдат во контакт со површина која има способност да го оствари тоа поврзување, мразот се лепи за неа. Таква површина е и нашата кожа. Причина за тоа е количеството на влага кое се наоѓа на површината на кожата. Таа влага е адекватна за да го оствари водородното поврзување. Токму затоа, мразот често се лепи за нашата кожа.

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Банер
Банер

Дали знаете ?

Колку видови пепрутки се регистрирани во Македонија ?
 

Последни коментари

Пребарување

Банер

КРАТКИ ПРИКАЗНИ

Кога светлината продира во Земјината атмосфера, малечки честички во неа се распрснуваат на сите страни. Притоа сината светлина се распрснува подобро од црвената, жолтата и зелената. Додека е ден сините делови од сончевата светлина се распрснуваат на сите страни, заради што небото станува модро. Навечер сончевите зраци поминуваат низ се подолги делови на атмосферата, при што поминуваат само портокаловата и црвената светлина и сонцето ни изгледа портокалово – црвено.