Многу видови птици не жалат труд за да го привлечат вниманието на партнерот. Најчесто мажјаците се додворуваат на женките. За да привлечат внимание, мажјаците можат да играат, да пеат, да се перчат или да ги покажуваат своите шарени делови од телото.
Прикажување
Мажјаците на многу видови птици го привлекуваат вниманието на женките прикажувајќи шарени делови од своето тело. Мажјакот на рајската птица ( Paradisaea raggiana) може да виси со главата надолу кога ѝ се додворува на женката.
Подароци
Мажјаците на некои видови птици го привлекуваат вниманието на женките носејќи им подароци. Мажјакот на кукавицата тркачка (Geococcyx californianus) на својата партнерка ѝ нуди гуштер, а мажјакот на долгоклунестата вртимушка (Sterna sandvicensis) на партнерката ѝ носи риба.
Градење на гнездо
Мажјаците на сениците ја привлекуваат партнерката со упадливи гнезда. Мажјакот на пругавата сеница (Amblyornis inornatus) гради копмлициран покрив од гранчиња. Тоа гнездо служи само за привлекување на партнерката. По парењето женката ги снесува јајцата во гнездо кое сама го гради.
Извор: ФАКТОПЕДИЈА – Илустрирана енциклопедија, Младинска книга Скопје, 2005, стр. 100
| Коментари |
|




Доколку месецот во годината почне со Недела тогаш сигурно има Петок 13.
сакам уште нешто пов...
NE MOZEV OVOJ 4OVEK DA GO SVATAM DOLG...
filozofot koj skoro ima postignato se...
this is men who is the best filozov ...
kakvi se tie catali, neli se vikaat J...