Не можете да се сетите дали некое јајце е варено или не ? Сите знаеме дека ако завртите јајце веднаш ќе препознаете дали јајцето е варено или не, односно ако тоа се врти без проблем тогаш е варено, ако не се врти, тогаш не е варено.
Но, има и уште еден начин да проверите дали јајцето е варено или не. Вареното јајце ќе плови ако го ставите во вода, невареното ќе потоне.
Јајцата содржат есенцијални протеини, минерали и витамини, освен витаминот Ц. Жолчката е природен извор на витамин Д.
Бојата на јајцата не е поврзана со квалитетот, вкусот или нивното приготвување. Белите јајца се снесени од кокошки со бели пердуви. Жолтите јајца се снесени од кокошки со црвени пердуви.
Обично белите јајца се поефтини од жолтите.
Еве некои интересни податоци за кокошките :
- Еден од најголемите прозиводители на јајца е Кина со околу 160 милијарди годишно.
- Една кокошка може да снесе околу 250 јајца годишно.
- Обвивката на јајцето содржи до 17,000 пори на површината.
- Постојат 150 видови на кокошки.
- Кокошките се потомци на црвената кокшка од џунглите во Азија.
- Кокошките се едни од првите домашни животни, појавувајќи се како такви во Кина околу 1400 години п.н.е.
- Сигурно ја знаете вечната дилема „Што е постаро, јајцето или кокошката“
NE MOZEV OVOJ 4OVEK DA GO SVATAM DOLG...
filozofot koj skoro ima postignato se...
this is men who is the best filozov ...
kakvi se tie catali, neli se vikaat J...
Moze zatoa sto temperaturata na koja ...