Заедно со лавовите, тигарите се најголемите членови на фамилијата мачки. Еден од најстрашните животни во џунглата, тигарот нема непријатели освен човекот. Тигарот по потекло е од Азија.
Иако многу народи имаат легенди за причините за пругастите шари на тигарот, реалноста е дека тоа е само поради прилагодување кон околината. Ова прилагодување се случувало со милиони години на еволуција. Шарите се само камуфлажа, која на многу животни им помага да опстанат и да се заштитат.
Сега може да се запрашате зошто на тигарот, најголемото животно во фамилијата мачки заедно со лавот, му е потребна некаква камуфлажа. Едноставно, како одлични ловци, живеат и ловат во висока трева и се сокриваат во неа. Сокривајќи се во вакви предели, можат да се прикрадат на пленот, незабележано.
Многу научници веруваат дека повеќето диви животно не распознаваат бои, така што гледаат сенки. Овие пругасти шари на тигарот се совпаѓаат со сенките во тревите.
Леопарот има точки кои служат за иста намена. Овие животни ловат во предели со грмушки, така што точките се одлучна камуфлажа.
Но токму тие шари му даваат убавина на тигарот, поради што ловот на тигари ги надминува сите граници денес. Како и повеќето видови и тигарот е еден од загрозените видови на нашата планета.
Само на 2000 од нив, денес во Индија, може да им се слушне крикот, споредено со 40,000 минатиот век.
сакам уште нешто пов...
NE MOZEV OVOJ 4OVEK DA GO SVATAM DOLG...
filozofot koj skoro ima postignato se...
this is men who is the best filozov ...
kakvi se tie catali, neli se vikaat J...