Пеницилинот е еден од најважните откритија во медицината во нашето време. Со него докторите полесно третираат мали заболувања и инфекции кои некогаш обиваа многу луѓе.
Пеницилинот е од групата Бета-лактамски антибиотици, и дејствуваат на грам-позитивни бактерии.
Ако не беше пеницилинот и слични медикаменти, докторите немаше да можат да направат многу ако појдете кај нив со потешка настинка или сериозна инфекција.
Векови наназад, мувлосан леб бил употребуван како антисептик, н никој не знаел зошто и како мувлата ги убива бактерии. Кон крајот на 19тиот век, научниците открија дека мувлата и бактериите произведуваат супстанција која го превенира растењето на други бактерии. Оваа супстанција денес се нарекува антибиотик.
Во 1928, Англискиот научник Александар Флеминг работел во лабараторика со култури од бактерии. Кога еден вид мувла, наречена пеницилин, случајно инфицирала друга култура, Флеминг приметил дека е уништена бактеријата околу неа. Дополнителните експерименти покажале дека мувлата произведува супстанција што ги убива најчестите бактерии, а Флелимг ја нарекол таа супстанција пеницилин.
Најважното за пеницилинот е тоа што не ги уништвало живите клетки на организмто, како што го правале претходно откриените антибиотици. Во 1939, други научници најдоа начин како да го појалаат пеницилинот, а во САД беше овозможен за употреба во 1940тите.
сакам уште нешто пов...
NE MOZEV OVOJ 4OVEK DA GO SVATAM DOLG...
filozofot koj skoro ima postignato se...
this is men who is the best filozov ...
kakvi se tie catali, neli se vikaat J...