Вие се наоѓате : Насловна Човековото тело Вашиот снимен глас, не е ист со вашиот

DALI STE ZNAELE

НАРАЧКА НА КНИГА СО 10% ПОПУСТ

Банер

ИСПРАТЕТЕ И ВИЕ

Учествувајте и вие со ваши текстови на нашиот сајт. Ве очекуваме !


... ИСПРАТИ ...

Вашиот снимен глас, не е ист со вашиот

За секого е големо изненадување кога прв пат ќе го слушне својот снимен глас, без разлика дали е тоа на видео, радио,... Обично првата реакција е дека тоа не сте вие, или дека снимањето не го дава вистинскиот звук. НЕ Е ГРЕШКА ! Тоа што го слушате сте вие, и така им звучите на другите. Тоа е сосема нормално, само е необично кога прв пат ќе го слушнете, а понекогаш ќе ви биде необично и секогаш кога ќе го слушате.

Знаете како изгледате бидејќи сте се виделе милион пати во огледало. Сепак, може да ви се случи фризурата да ви го смени изгледот, некаде да постои флека која не можете да ја видите, а другите ќе ви спомнат. На сличен принцип, верувате дека го знаете звукот на својот глас - сте го слушнале многупати. Точно, сте го слушнале на различен начин отколку што другите го слушаат.

Кога ќе слушнете туѓ глас, тој доаѓа до вас само од надвор, односно звукот патува од таа личност до вас. Но, сопствениот глас го слушате на друг начин. Дел од него го слушате од надвор, дел од внатре. Поради тоа вашиот глас нема да е ист вам и на другите околу вас. Ако сакате да слушнете како ве слушаат другите, снимете се себеси како зборувате или пеете, и преслушајте го сниманото. Тоа е барем лесно денес со компјутерот и слушалките со микрофон. Ќе се изненадите.

Преслушувањето на својот глас може да биде од голема корист. Може да слушнете дали зборувате со пискање, а да не сте биле свесни за тоа; и тогаш ќе ви биде јасно зошто вашиот глас некого нервира. Можеби ќе слушнете дека гласиот ви е груб. Испробувањето на звукот на вашиот глас со снимање може да открие кога сте се занеле, кога треба да одморите, или на крајот да ја подобрите својата дикција.

Некој можеби би се запрашал каква корист од тоа кога зборувате онака како што зборувате. Што може да направите ? Добрат вест е дека може да направите многу. Со малку вежби и труд може да научите да зборувате пријатно, дури и пред тоа да сте нервирале некого. Потоа вие навистина ќе се почувствувате подобро, а вашиот глас да биде пријатен за вашето друштво.

Покрај тоа што овие вежби можат да имаат корист, тоа може да биде и многу забавно. Можете да пробате како би зборувале во разни пригоди, или како може да бидете навистина забавни, слично како со вашиот изглед пред огледало.

Ајде да слушнеме за вашето искуство со вашиот глас ???

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

 
Банер
Банер

Дали знаете ?

Колку видови пепрутки се регистрирани во Македонија ?
 

Последни коментари

Пребарување

Банер

КРАТКИ ПРИКАЗНИ

Карипската реге музика ја прошириле прекуморските заедници на жители на Карибите. Таа музика е поврзана со растафаријанската вера. Нејзин најпопуларен уметник е Боб Марли (1945 – 1981), чијашто музика се повикувала на укинувањето на расизмот и политилката репресија.