Сигурно знаете дека постои Американска држава Њу Џерси (New Jersey, што во превод значи Нов Џерси) . Дали сте се запрашале некогаш каде е „стариот“ Џерси ? Така е, се наоѓа во Англија, односно не баш во големиот остров кој сите го знаеме. Џерси припаѓа на Англија, но најблиската држава до Џерси е всушност Франција.
Џерси е еден од островите кој се наоѓа во каналот помеѓу Франција и Англија. Тоа е најголемиот остров од сите кои се наоѓаат таму, и има големина од околу 130 км2. Покрај Џерси тука се и другите острови како Џурнси, Алдерни, Сарк и уште неколку помали острови, кои и не се населени.
Сите острови во каналот се многу поблиску до Франција отколку Англија. Џерси, на пример, се наоѓа на помалку од 25км од Франција, и дури може да се види од француското крајбрежје. Иако е толку блиску, сепак припаѓа на Англија со векови. Официјално, тие не се дел од Англија туку формираат територија позната како Британски Кралски Острови.
Џерси и Џурнси се познати по нивниот крупен добиток со педигре, кравите од Џерси. Најверојатно овие крави се со потекло од француските, но денес можат да се најдат низ целиот свет.
Се до 19тиот век, скоро сите жители на овие острови повеќе зборувале Француски, отколку Англиски. Францускиот јазик бил официјален во Џурнси (Guernsey) се до 1946. И иако се британски жители, повеќето од нив и денес зборуваат француски!
сакам уште нешто пов...
NE MOZEV OVOJ 4OVEK DA GO SVATAM DOLG...
filozofot koj skoro ima postignato se...
this is men who is the best filozov ...
kakvi se tie catali, neli se vikaat J...