Окт
04

Каде била првата зоолошка градина

Најстарата колекција на животни, сепак не јавна зоолошка градина, за прв пат ја формирал Шулги, владетел на Ур, (денешен Југоисточен Ирак), во 2400тата година п.н.е.

Кралицата на Египет, Хатшепсут, собирала животни од сите делови на Африка и за прв пат ја формирала првата вистинска зоолошка градина во 1500тата п.н.е. Кинескиот император Вен Ванг следејќи го нејзиниот пример, во 1100 п.н.е.. направил огромна зоолошка градина за го покаже своетто богатство и моќ. Оваа зоолошка градина е наречена „Градина на интелегенцијата“, и завземала околу 1500 акри, а во неа имало животни од сите краишта на неговото царство.

Големи колекции од птици и животни се чувале во јавни зоолошки градини во стара Грција, за да можат студентите да учат. Старите Римјани донеле животни од различни краишта на светот и ги чувале во приватни зоолошки градини. Многу од тие животни биле употребувани и за борби во Колосеумот со слугите и затворениците.

Иако интересот за зоолошки градини опаднал во Европа неколку стотици години, истражувањата во Новиот Свет го обновил интересот, и се формирале нови градини. Зоолошката градина во Виена е формирана во 1752 година од страна на Императорот Фран Џозев во чест на неговата сопруга, Мариа Тереза, и еден од настарите кои сеуште постојат.

Според некои податоци зоолошката градина во Сан Диего во Калифорнија ја има најголемата колекција на животни денес, околу 5100 животни!

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Светот на животните

Последни коментари