Зошто тигарот има пругасти шари
.jpg)
Заедно со лавовите, тигарите се најголемите членови на фамилијата мачки. Еден од најстрашните животни во џунглата, тигарот нема непријатели освен човекот. Тигарот по потекло е од Азија.
Иако многу народи имаат легенди за причините за пругастите шари на тигарот, реалноста е дека тоа е само поради прилагодување кон околината. Ова прилагодување се случувало со милиони години на еволуција. Шарите се само камуфлажа, која на многу животни им помага да опстанат и да се заштитат.
Сега може да се запрашате зошто на тигарот, најголемото животно во фамилијата мачки заедно со лавот, му е потребна некаква камуфлажа. Едноставно, како одлични ловци, живеат и ловат во висока трева и се сокриваат во неа. Сокривајќи се во вакви предели, можат да се прикрадат на пленот, незабележано.
Многу научници веруваат дека повеќето диви животно не распознаваат бои, така што гледаат сенки. Овие пругасти шари на тигарот се совпаѓаат со сенките во тревите.
Леопарот има точки кои служат за иста намена. Овие животни ловат во предели со грмушки, така што точките се одлучна камуфлажа.
Но токму тие шари му даваат убавина на тигарот, поради што ловот на тигари ги надминува сите граници денес. Како и повеќето видови и тигарот е еден од загрозените видови на нашата планета.
Само на 2000 од нив, денес во Индија, може да им се слушне крикот, споредено со 40,000 минатиот век.
| Коментари |
|
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Дали Британија е исто што и Англија ( - Свет)
- Божиќ ( - Разно)
- Кој е најголем град во светот? ( - Свет)
- Бразилски пајак ( - ОД СВЕТОТ)
- Како се игра шах? ( - Разно)
- Што е VIOP телефонија? ( - Технологија)
- Александар Македонски ( - ОД СВЕТОТ)
- Папата Јован Павле Втори ( - ОД СВЕТОТ)
- Дали морските ѕвезди јадат ( - Светот на животните)

π=3.14159 26535 89793 23846 26433 83279 50288 41971 69399 37510 58209 74944 59230 78164 06286 20899 86280 34825 34211 70679 82148 08651 32823 ... 









ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd