Музеј на македонската борба
Музејот на македонската борба се наоѓа во Скопје, Македонија, на левиот брег од реката Вардар.
За главен архитект при изградбата на објектот бил избран Зоран Јордановски, а музејот бил изграден од компанијата Бетон од Штип.
Музејот бил изграден во периодот од 2008 до 2011 година, и официјално отворен на 8 септември 2011 година, по повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија. Изградбата на објектот е дел од т.н. проект Скопје 2014.
Музејот бил официјално отворен од страна на претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој во музејот го предал оригиналот од Декларацијата за независнота на Македонија, која е изложена во холот при самиот влез.
Самиот музеј се состои од тринаесет одделенија, и секоја од нив ја претставува историјата на македонскиот народ од повеќе периоди. Во првата просторија е претставен раниот период на македонската борба, кога ајдутите сеуште немале дефинирано политичка платформа. Сите останати простории понатаму се поврзани хронолошки сè до периодот на комунизмот.
Во музејот се наоѓаат 109 восочни фигури од личности од македонската историја. Освен восочните фигури во музејот се наоѓа и поголем број примероци на оригинално оружје, оригинален мебел, масовни сцени, документи и други експонати.
Музејот работи од вторник до сабота со работно време од 12 до 20 часот, а во недела од 12 до 16 часот. Секоја организирана посета во музејот треба да биде најавена.
| Коментари |
|
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Што е постаро, автомобилите или семафорите ? ( - Историја)
- Што е вечен мраз? ( - Наука)
- Дали на екваторот е секаде жешко ( - Свет)
- Колку видови на слонови постојат? ( - Светот на животните)
- Првата e-mail спам - порака ( - ОД СВЕТОТ)
- Зошто треба да се смееме почесто? ( - Човековото тело)
- Како да се ослободите од комарците? ( - Светот на инсектите)
- Каде живееме ние? ( - Свет)
- Зошто Венеција има канали ( - Свет)












ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd