Сеп
20
Како се добива фотографија?
Познато е дека во моментот кога ќе се притсне копчето на апаратот и ќе се слушне она толку познато "клик" фотографијата е направена. Но, во тој момент ништо не се познава на филмот. Сликата е таму но во тој момент е невидлива. Дури откако филмот ќе се изложи на низа хемиски влижанија сликата ќе се појави.Станува збор за стандардизирани постапки со веќе подготвени хемикалии (потребно е само нивно мешање со вода) кои се лесно изводливи и достапни.
Првиот чекор за добивање на фотографија е развивање на филмот.Тоа се прави со течност која се нарекува развивач , хемикалија која ја претвора невидливата слика во видлива. Таму каде што светлината допрела ќе ги претвори во темни делови составени од црно сребро, додека деловите каде што светлината не допрела остануваат светли, покриени со сребрени халогениди.
Откако ќе помине низ развивач сликата на филмот е видлива, но ако се извади на дневна светлина во овој момент таа набрзо ќе потени под влијание на светлината. Затоа најпрво филмот треба да се стави во друга хемикалија, наречена прекинувач, кој го прекинува процесот на понатамошно развивање на филмот и веднаш потоа во фиксир (исто така течност) кој го фиксира филмот, односно го прави отпорен на светлина. Дури откако филмот ке помине низ оваа последна фаза може да се извади на светлина и да се прегледа.
На крајот останува уште само убаво да се измие под обична вода затоа што остатоци од фиксирот со тек на време може да предизвикаат оштетувања.
Фактори кои влијаат на развивањето на филмот се температурата на хемикалите, времето на развивање и фиксирање како и свежината на употребените хемикалии.
| Коментари |
|
Powered by GLOBAL NET
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Каде живее коморо змејот? ( - Светот на животните)
- Како се размножуваат сивите соколи? ( - Светот на птиците)
- ПЛАНЕТА ЗЕМЈА ( - Книги)
- Музеј на македонската борба ( - Уметност)
- Колку е редок живиот свет ? ( - Географија)
- Дали срцето се одмара? ( - Човековото тело)
- Кој бара вонземна интелигенција? ( - Свет)
- Францускиот јазик ( - ОД СВЕТОТ)
- Дали математиката е наука? ( - Наука)











ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd