Мај
28

Како работи клима-уредот?

Климатизерот контролира повеќе од само температура во внатрешниот простор. Исто така ја контролира количината на влагата, движењето и чистотата во воздухот. Дојдовме до ситуација да станеме зависни од користење на клима-уредите во летните месеци.

Машината која се користи во клима-уредите е прилично слична на онаа која се користи во фрижидерите во нашите кујни. И двата уреда зависат од течноста наречена Фреон која екстремно брзо разладува се во негова непосредна близина.

Кога ќе го вклучите климатизерот, свеж воздух минува низ филтер за да се отстрани прашината, и електричен мотор стартува да го циркулира течниот фреон од компресор низ цевки или спирали. Како што фреонот се испумпува низ спиралите, ја апсорбира топлината од спиралите, ги разладува нив и воздухот околу нив.

Внесената топлина доведува до тоа фреонот да испарува во гас. Потоа, електричен фен го дува разладениот, чист воздух низ отворите на климатизерот кој стигнува до просторијата. Фреонот повторно станува течен кога се враќа во компресорот. Овој процес трае постојано додека не се исклучи системот.

Од 1940 година, сите нови згради, фабрики и домови се дизајнираат така што е планирано вклучување на климатизација. Бродови, авиони, канцеларии, ресторани, театри, продавници па дури и вселенски летала денес не можат да се замислат без да го користат комфорот на чистиот климатизиран воздух.

 Сега пуштете си ја климата, и нема да ви биде чудно како таа ве лади!

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Технологија

Последни коментари