Мар
01

Како сапунот мие

Денес е тешко да се замисли животот без сапун. Личната хигиена е една од најважните работи во превенција од болести, а со тоа сапунот може да се смета за едно од најважните откритија на човекот.

Во претходниот текст, ја опишавме технологијата на производство на сапунот. Сега ќе видиме како чисти.

Постојат разни објаснувања. Едно од нив е следното : сапунот ги разложува мрсните нечистотии во честици кои се толку мали што водата ги пере. Така се создава емулзија, слична на млечните течности, со чија помош честиците се мијат.

Второто објаснување е : сапунот ги обложува честиците на нечистотијата и ги прави толку лизгави што не можат да се задржат на површината каде што биле. Водата го има тој т.н. „површински напон“, што не и дозволува да ги опколи од сите страни ситните делови прашина на нашата кожа. Да претпоставиме дека сапунот растопен во водата го смалува тој „површински напон“ и затоа водата со растопен сапун успева да ги опколи честиците од нечистотијата од сите страни и да ги одвои, а потоа со водата или крпата да се исчистат.

Сапунот и другите средства за чистење понекогаш ги викаме и детергенти што доаѓа од зборот „детергаре“ што значи да се исчисти, избрише. Современтата хемија создала многу ефикасни средства за чистење кои понекогаш се викаат „сапуни без сапун“. Нивната главна карактеристика е што го намалуваат „површинскиот напон“ на водата и успеваат да продрат многу темелно до честиците на нечистотијата.

Сетете се само на рекламите на АРИЕЛ, еве една од нив на YouTube !!!
Значи нас водата не мие, а сапуните само помагаат....

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Технологија

Последни коментари