Фев
26

Како се произведува сапун

Дали некогаш сте се запрашале колку сапуни трошите дома, колку се трошат во градот или на целата земјина топка во текот на еден ден ? Навистина многу. Не делат само неколку стотици години кога сапунот се припремал дома. Можете да замислите каква била разликата помеѓу домашниот и сегашните убави и миризливи сапуни.

Сапунот се добива од масти и масло кога се варат заедно со алкални материи. Мастите можат да бидат и свинска маст, а маслото се добива од некои билки или овошни семки. Најчесто маслото се добива од палмино дрво, кокосов орев или маслинки.

Алкалните материи кои се употребуваат се сода и калиум карбонат. Содата се употребува за производство на тврди сапуни за перење на облека, тоалетни сапуни и слично, а калиум карбонат се употребува за течни сапуни.

Сапунот се прозиведува на следниот начин : мастите и алкалните материи се варат во огрмни казани, во кој може да се стават и до 175 тони. Овој процес се вика сапонификација. Пред самиот крај се додава сол, кој помага сапунот да се издвои и подигне на врвот. Процесот се повторува пет до шест пати, седодека и последниот дел од мастите не се претворат во сапун.

Полутечниот сапун се префрла во машина, каде што се меша додека не стане глатка. Потоа во таа маса се додаваат разни додатоци, специфични за секој производител, со цел сапунот да биде уникатен. Доколку се сака лесен сапун на крајот од процесот од мешањето, со посебен апарат се внесува воздух.

Додека е жешка оваа маса се внесува во калапи за да се добие саканиот облик.

Вештината за правење сапуни постоела одамна, но исчезнала пред околу 1000 години, за потоа да ја оживеат Французите и Италијаните.
Всушност францускито збор „савон“, што значи во превод сапун е име на  италијански град Савоне, кој се воздигнал со производството на сапуни.
И во Скопје имавме фабрика на сапуни „Алкалиод“, но веќе таа не постои за жал. Инаку мирисот што оваа фабрика во К.Вода го правеше беше неподнослив.

Дали некогаш сте користеле природен сапун Lush, што се продава во Рамсторе ? Пишете ни за вашето искуство...

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Технологија

Последни коментари