Кој канал поврзува два океана
Иако Суетскиот канал во Египет е најдолгиот канал за големи бродови во светот, долг околу 160км, најзафатениот канал во светот и единствен кој поврзува два океана - Атлантскиот и Тихиот океан - е Панамскиот канал. Во некои години, повеќе од 14,000 бродови поминуваат низ него!
Во 1881, Француска компанија ја започна градбата на каналот низ Централна Америка, односно Панама, но се откажаа по 8 години кога 20,000 работници умреа од малариа во тој регион.
Потоа, во 1907, Америчка компанија ја продолжи работата. Работниците го пробија патот низ густата џунгла, а низ ридовите создадоа вештачко езеро како и базени со вода кои ги подигаа/спуштаа бродовите. Околу 10милијарди тони земја беа ископани пред да биде завршен каналот во 1914!
Интересно е што, бродовите од Атлантскиот кон Тихиот Океан поминувајќи низ каналот патуваат кон исток. Поминувањето на бродовите низ каналот и не е така ефтино. Највисоката цена платена до сега е на 16 Мај 2008 во износ од $331,200 за 295м долгиот Desney Magic. Просечната цена за поминување е околу $54,000. 
И покрај високите цени, бродовите го поминуваат овој канал, кој им скратува многу време и пари доколку се одлучат да ја заобиколат Јужна Америка. Ова особено важи за товарните бродови!
Еве како изгледа каналот на еден од клиповите на Youtube !
| Коментари |
|
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Нешто за Њујорк ( - Географија)
- Книга со инсекти ( - ОД СВЕТОТ)
- Еволуција на окото ( - Наука)
- Која е најголемата авионска компанија? ( - Разно)
- Кој бил Џон Кенеди? ( - Свет)
- Зошто стрелките на часовникот се движат на десно, а не обратно ? ( - Свет)
- Како се создаваат вртлози? ( - Разно)
- Дали постои душата? ( - Разно)
- Фауст ( - ОД СВЕТОТ)

Скакулците се сметаат за најмногубројни: историско е откривањето на еден рој скакулци со околу 12.5 милиони скакулци на Карпестите планини во Соединетите Американски Држави. 









ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd