Дек
09
Што содржи Лисабонскиот договор?
Лисабонскиот реформски договор беше потпишан од страна на лидерите на 27 земји членки на ЕУ во Лисабон на 13 декември 2007 год, а неговиот официјален назив е „Договор за измени и дополнувања на Договорот за создавање на Европската унија (Мастрихтски договор) и Договорот за создавање на Европска економска заедница-ЕЕЗ (Римски договор)“. За да стапи на сила мораше да биде ратификуван од страна на секоја држава членка во согласност со нејзините конститутивни и правни услови. Со потпишувањето на инструментот за ратификација на 3 ноември 2009 г. од страна на Чешкиот претедател, Лисабонскиот договор стапи на сила на 1 декември 2009 година.За прв претседател на Европската унија е избран премиерот на Белгија Херман Ван Ромпуј, а Британката Кетрин Ештон, поранешниот европски комесар за трговија, за шеф на дипломатијата. Францускиот дипломат Пјер де Буасје е именуван за генерален секретар на Советот.
Една од јасните цели на Лисабонскиот договор, која стои во Преамбулата, е да се зголеми "демократската легитимност на Унијата". Во овој контекст Лисабонскиот договор нуди значително нови одредби кои се однесуваат на зголемувањето на улогата на националните парламенти. Тој овозможува значаен трансфер на моќ кон парламентите на земјите- членки. Поголемата моќ која им е дадена на националните парламенти претставува една од најзначајните новости на новиот Договор и се дел од решението на проблемот на демократскиот дефицит. Договорот јасно ги назначува правата и должностите на националните парламенти и им дава поголем делокруг на партиципирање заедно со другите европски институции во процесот на одлучување во Унијата.
| Коментари |
|
Powered by GLOBAL NET
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Каде се погребувале фараоните? ( - Историја)
- Кога е создадена првата азбука? ( - Разно)
- Мртов јазик ( - ОД СВЕТОТ)
- Кој канал поврзува два океана ( - Свет)
- Планини ( - ОД СВЕТОТ)
- Сте слушнале за затемнување на Месечината? ( - Астрономија)
- Како Тиквешкиот гроздобер прерасна во традиција? ( - Македонија)
- Колку калории се потребни дневно ( - Разно)
- БОГОВИ И ХЕРОИ ВО ГРЧКАТА И РИМСКАТА МИТОЛОГИЈА ( - Книги)











ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd