Окт
20

Дали сте знаеле дека и државите имаат хороскоп?

 

Мундана астрологија е употребата на астрологијата за предвидување на светските настани (војни, револуции, промена на влади, глад, економски просперитет или кризи, земјотреси), а името доаѓа од латинскиот збор Mundus, со значење „свет“. Мунданата астрологија се смета за најстара гранка на астрологијата.

За да се изработи хороскоп на некоја земја, треба да го знаеме точниот датум и часот на прогласување независност или создавање на државата. Годишен хороскоп за земјата се работи на влегувањето на Сонцето на 0° Овен. Со тоа започнува новата мундана година. Се анализира поставеноста на планетите, знаците кои влегуваат во одредени полиња, и секако - аспектите меѓу планетите. Важни показатели на настани се фиксните ѕвезди, но само доколку прават аспект во рамките на еден степен.

Новооткриените земји, и оние кои се формирани во поново време, исто така имаат свој хороскоп. Датумот и часот на прогласувањето на независноста на Америка, на пример, го одредува хороскопот на САД, а бидејќи знакот Близнаци во тој момент се наоѓал на асцедент (односно подзнак), тие ѝ го даваат карактерот и идентитетот на новата нација.

подзнакот на градот Лондон се наоѓа на 17°54` во Близнаци, а тоа го утврдил во 17 век познатиот астролог Вилијам Лили. Тој забележал дека ѕвездата наречена Бета Таурусили Белатрикс се приближува до асцедентот на Лондон, и 15 години порано го предвидел големиот пожар. Кога Белатрикс била на 17°20`, почнало да се чувствува нејзиното влијание. Најпрво во Лондон избила чума, потоа граѓанска војна, а кога Белатрикс дошла на 17°40`, на кралот му е отсечена главата. Кога Белатрикс поминала точно на 17°54`, Лондон изгорел во пожар.

Роденденот на Македонија - 8 септември, ја сместува во знакот Девица.

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Свет

Последни коментари