Дек
01

Кој е најдолгиот меч во историјата на тенисот?

 

Ви се верува ли дека најдолгиот меч во историјата на тенисот траел 11 часа и 5 минути? Да,да...

Маху од Франција и Иснер од САД го одиграа најдолгиот натпревар во историјата на тенисот кој траел 665 минути и се играл речиси три дена, а завршил со победа на Иснер од 3:2 (со резултат од 6:4, 3:6, 6:7, 7:6 и 70:68). Иснер и Маху собориle безброј рекорди кои веројатно никогаш нема да бидат достигнати. Последниот сет завршиl со резултат  70:68 во гемови и траеl 491 минута. Бројките се неверојатни:183 гема, (71 повеќе од Гонзалес и Пасарела (1969, Вимблдон)),215 аса, 490 винери и 122 неприсилени грешки.

Иснер и Маху го потиснаа и Карловиќ на листата најдобри сервери.  На теренот број 18 во Вимблдон, Американецот со 112, Французинот со 103 аса, фрлија сенка врз 78-те на Хрватот.

 
Натпреварот заврши на 24.06.2010 година, по три дена игра. А победникот Иснер по завршувањето само искоментирал: „Изинете, но малку сум уморен“.
 
Претходниот најдолг меч се играше на Отвореното првенство на Франција во 2004 кога Фабрис Санторо го победи Арно Клеман после шест часа и 35 минути. Најдолгиот меч на Вимблдон се случи во 1969, мечот меѓу Панчо Гонзалес и Чарли Пасарели, кој се играше 5 часа и 12 минути.

 

 

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Спорт

 
 

Последни коментари