Кои правила треба да ги знаете за да го нацртате Македонското знаме?
Знамето на Македонија е усвоено во 1995 година и е составено од црвена позадина на која има златно сонце. Сонцето е со осум сончеви краци кои се простираат од сончевиот диск со проширување до рабовите на знамето. Сончевите зраци се вкрстуваат по дијагонала, хоризонтала и вертикала. Дијаметарот на сончевиот диск е една седмина од должината на знамето. Центарот на сонцето се поклопува со точката во која се сечат дијагоналите на знамето. Односот на ширината и должината на знамето е еден наспрема два.
Размерот на знамето е 1:2 каде се искористени следните бои за да се добие дизајнот: црвена (RGB: 210-0-0, хексидецимален формат: #D20000) и жолта (RGB: 255-230-0, хексидецимален формат: #FFE600)

Во 2002, уредниците на World Almanac ги избрале десетте најдобри знамиња на државите од целиот свет. Македонското знаме завршило на второто место. На прво место завршило знамето на Бутан, а на трето место знамето на Кирибати. Останатите позиции до десетто место ги добиле Бразил, Канада, Јапонија, Швајцарија, Сејшелите и Франција.
| Коментари |
|
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Дали математиката е наука? ( - Наука)
- Низа интересни факти - 5 дел ( - Разно)
- Колку е голем универзумот? ( - Астрономија)
- Што содржи Лисабонскиот договор? ( - Свет)
- Колку храна ќе изедете во текот на вашиот живот? ( - Човековото тело)
- Која е најголемата авионска компанија? ( - Разно)
- Колку е паметен Шерлок Холмс? ( - Разно)
- Зошто луѓето имаат различна боја на очите? ( - Човековото тело)
- Комета со најдолга опашка ( - ОД СВЕТОТ)
























I'm the best!!!best,best...