Сеп
21
Зошто сите сакаат Скопско?
Пивото е алкохолен пијалок кој настанува со ферментација на скробеста супстанца (житни растенија: јачмен, хмељ), кој не е дестилиран после ферментацијата. Производството на пиво и некои други алкохолни пијалоци често се нарекува превривање (англиски: brewing). Историски, пивото е познато од Античките Египќани и Месопотанци, и датира од пред 4000 год. п.н.е., но овие пива биле апсолутно поинакви од денешните Скопско, Даб, Горско или Хајнекен. Поради тоа што состојките што се користат за производство на пивото се различни од место во место, особините на пивото (типот, вкусот и бојата) многу се разликуваат.Скопско е бледо лагер пиво, кое датира од 1924. Се произведува од скопската пиварница, која е бренд на Хајнекен. Пивото има застапеност од 75% на пазарот во Македонија. Неговите рекламни слогани се „Скопско, наше најдобро“, како и „Скопско, и сѐ е можно.“
Пивото се добива со долно алкохолно вриење на јачменовиот слад. Има 11% екстракт (сува материја добиена од слад) и 4,9% алкохол. Пивото има златно-жолта боја и цврста бела пена. Карактеристичниот горчлив вкус доаѓа од хмељот, кој покрај водата, јачменот и квасецот е четвртата основна состојка на пивото. Пивото е средно газирано со природен јаглерод диоксид и не содржи конзерванси. За заштита од расипување се користи единствено пастеризација, која претставува најприроден начин на стерилизација.
| Коментари |
|
Powered by GLOBAL NET
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Кој живее на 221Б Бејкер Стрит? ( - Разно)
- Која е првата цивилизација во светот? ( - Историја)
- Што е МЕНСА? ( - Разно)
- Зошто луѓето имаат температура? ( - Човековото тело)
- Низа интересни факти - 6 дел ( - Разно)
- Каде ги снемува комарците во зима, можеби умираат ( - Светот на инсектите)
- Како изгледа породувањето? ( - Човековото тело)
- Кодот на Да Винчи ( - Уметност)
- Како се викаат месеците според Исламскиот календар? ( - Разно)

.png)










ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd