Сеп
20
Како Струга го добила името?
Сместена на брегот на Охридското езеро, поделена на два дела од реката Црни Дрим, Струга е еден од најубавите градови во Македонија.
Според првото народно толкување, името Струга доаѓа од отворената географска положба на градот: место каде што постојано струже (дува) ветер.
Второто е сосем поинакво: одамна некогаш Македонските Словени (Брсјаци и Мијаци) во Струшко се занимавале со сточарство и, во точно определено време, ги дотерувале многубројните овци на стриг (стрижење волна), во близоста на истекот (Устата) на Црн Дрим од Охридското Езеро. Меѓутоа, тоа може многу пологично да се поврзе со преминот низ ограда за молзење овци, наречен струга што значи: врата на трло за овци; мала ограда пред самото трло одредена за молзење овци пред пуштање на пасење, или целото трло со 300 до 400 грла.Ова значење е запазено до денес.
Можеби е најблизу до вистината објаснувањето дека струга значи речен ракав, притока (во случајов истек на Црн Дрим) и тоа на место со уреди за риболов.
| Коментари |
|
Powered by GLOBAL NET
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Кој го измислил лижалчето и како го добило името? ( - Разно)
- Кодот на Да Винчи ( - Уметност)
- Зошто луѓето имаат различна боја на очите? ( - Човековото тело)
- Дали водопадите можат да замрзнат ( - Свет)
- Кога се појавил риболовот и колку форми на риболов постојат? ( - Разно)
- Германецот Јохан Гутенберг ( - ОД СВЕТОТ)
- Каде се наоѓа највисокиот облакодер во светот? ( - Свет)
- Од каде потекнува компирот? ( - Светот на растенијата)
- Камена Шума Јунан (Yunnan) ( - Географија)












ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd