Сеп
10
Како Тиквешкиот гроздобер прерасна во традиција?

Тиквешкиот гроздобер претставува еден вид продолжение на една долга и богата традиција, која на овие простори се одржувала во времето на античка Македонија, кога во чест на богот на грозјето и на виното Дионис, биле одржувани т.н. "Дионисови денови". На овие свечености на кои присуствувало целото население (и слободните граѓани и робовите), се јадело, се пиело и се веселело неколку дена.
Старите Римјани во чест на богот Бахус, двапати во годината ги одржувале т.н. "Баханалии", денови на грозјето и на виното, на кои се славел богот Бахус. Бидејќи овие пијанки преминувале во општи тепачки, тривијалности и вулгарности, истите биле забранети во 186 година.
Лозарството и производството на грозје на овие простори има длабоки корени и богата традиција. Античките Македонци и старите Римјани со голема љубов и умешност ја развиле и ја одгледувале оваа култура во овие краишта, за што сведочат многубројните надгробни стели, камена пластика и мозаици на бројните археолошки локалитети.
Лозарството продолжило да се развива и во средниот век, а главни негови центри биле црковните и манастирските имоти, каде што се приготвувало и најубавото вино.
Со доаѓењето на Турците и нивните освојувања на овој дел од Македонија во извесна мерка стагнира лозарството, бидејќи со Коранот била забранета употребата на алкохолни пијалоци.
Денес Кавадарци може да се пофали со констатацијата дека е најголем производител на грозје и на вино во Р. Македонија, и еден од поголемите производители на Балканскиот Полуостров. Токму тоа и беше основниот предизвик на општинското раководство на Кавадарци во 1964 год. да го организира првиот Тиквешки гроздобер, манифестација која имаше културен, туристички и стопански карактер.
| Коментари |
|
Powered by GLOBAL NET
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Римската Империја ( - Историја)
- Кој е најчесто употребуван зеленчук во светот ( - Свет)
- Книга со инсекти ( - ОД СВЕТОТ)
- Дали некој може да биде хипнотизиран ( - Наука)
- Зошто тигарот има пругасти шари ( - Светот на животните)
- Колку сон ви е потребен во различните етапи од животот? ( - Медицина)
- Скакулец ( - ОД СВЕТОТ)
- Како се прави микрочип? ( - Наука)
- Фолсваген голф ( - ОД СВЕТОТ)











ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd