Јул
29

Каде се наоѓа водопадот ДУФ



Водопадот Дуф се наоѓа во пазуите на Ростушка Планина, на 20 минути пеш од центарот на селото Ростуше, на надморска височина од околу 1500 метри. Од неодамна изградена е патека што го олеснува пристапот на посетителите до оваа природна реткост. Пештерата Шаркова Дупка, езерото Локув, водопадот Дуф и уште неколку природни  реткости стануваат подостапни за туристите. Обележани патеки кои и без поголем напор може да ги изоди речиси секој, уредени приоди и одморалишта со натстрешници. Тоа ќе ги очекува во иднина сите што сакаат да уживаат во природните реткости и убавини во Националниот Парк „Маврово„. Последниот пример што управата на паркот го промовираше наиде на симпатии кај тие што го имаат видено овој водопад. Неодамна беше промовирана обновената патека што од долнореканското село Ростуше води до една од природните реткости-водопадот Дуф. Патеката долга еден километар е обележана со патокази, преку водотеците има дрвени мостови, а направена е и импровизирана училница со клупи што служи како место за изведување час во природа.

Се минува низ карпест кањон, кој наместа е длабок повеќе од  50 метри. Целиот е обраснат во вегетерација и лете личи на прашума. Водопадот е творба на природата, која настанала од водите на Голема Река и Мала Река, кои се влеваат на место кое е на два километра пред падот. Големо количество вода низ еден карпест засек  се спушта од околу 25 метри и создава влажна завеса од ситни капки,кои се вистинско освежување по пешачењето. Мештаните велат дека на ова место владее метроклима и тука, летно време температурата не ја менува границата од 18 степени. Во карпите низ кањонот има и дваесетина помали и поголеми пештери. Повеќето не се достапни без специјална опрема и се уште не се истражени. Зиме овој водопад замрзнува и предизвикува интересен феномен. Поради кондензација на влагата,тука се создава појава на водени капки и се добива впечаток дека врне дожд.

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Македонија

Последни коментари