Јул
22

Муза (2350 мнв), Бојаџиев врв (2334 мнв)

bvБојаџиев врв (2334 мнв) се наоѓа на планината Баба, на самата граница со Грција и веројатно затоа е ретко посетен. За да се искачи се тргнува од Големо езеро, по маркирана патека која води кон врвот Муза. Прво патеката се спушта до најниската точка Орлови бари до која се стигнува за 50-тина минути, а потоа следи качување. За вкупно околу 2 часа се стигнува од Големо езеро до преслапот меѓу котата Голема Грива (2136 мнв) и друга кота (2212 мнв) каде има раскрсница, право се продолжува по маркирана патека кон Муза (2350 мнв) на чиј врв од таа точка може да се стигне за 20-тина минути, а во десно понатаму продолжува немаркираната патека кон Бојаџиев врв (тоа е всушност широка стара гранична патека). Продолжувајќи понатаму патеката се спушта и за нешто помалку од 1 час се стигнува на најниската точка, по кратко време понатаму од лева страна се појавува големата стрмнина на врвот Шкамби и рофес (2193 мнв) на кој има купчиња од камења. Овој врв не е потребно да се искачува туку се заобиколува од неговата десна страна, тука патеката постепено се спушта на најниското ниво во однос на надморската висина, и делумно се навлегува во шума. Понатаму води до малата Брајчинска река која се пресекува и потоа се наидува на Шарена чешма, единствена на оваа маршрута. Пред да се помине рекичката може да се сврти во десно и по добра патека да се стигне во с. Брајчино. Од Грива до чешмата се доаѓа за околу 2 часа. Од тука веќе е јасно видлив Бојаџиев врв, и од тука едноставно се оди директно кон врвот. Потребни се 30-40 минути за искачување на самиот врв од чешмата. Во десно останува старата
напуштена караула Р`жана каде има чешма. За враќање кон Грива од врвот потребно е исто толку време колку и за искачувањето.

Инаку од местото каде се дели патеката кон Бојаџиев врв, може да се искачи врвот Муза за 15-20 минути по маркиран терен но без јасна патека, тука всушност се прави пресекување преку врвот Муза и се излегува на патека која се одвојува од патеката што оди кон Бојаџиев врв (во обратен правец) кон пл. дом Неолица. На патеката се излегува со спуштање од врвот Муза по маркација за 15-тина минути. Тука се врти лево и прво се оди по широка маркирана патека се додека не се дојде до камените лавини по кои е позната Баба планина долина. Оттука речиси да нема патека но сепак има маркација по која се оди отприлика во изохипса и за околу 2 часа (сметано од врвот Муза) се излегува на гребен преку кој се пресекува и понатаму се оди по добра маркирана патека кон домот „Неолица“ кој не е видлив од таа точка бидејќи се наоѓа во шума. Од гребенот до домот има уште околу 1 час пешачење, делумно низ полиња богати со боровинки.

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Македонија

 
 

Последни коментари