Езерото Гарда (италијански Lago di Garda) е најголемото езеро во Италија.
Се наоѓа во северниот дел од земјата, на полпат помеѓу Венеција и Милано. Езерото се наоѓа на преминот од алпскиот регион на Доломитите кон низината Ломбардија. Oформенo e од глечери при крајот на последното ледено доба. Езерото и неговото крајбрежје се поделени помеќу провинциите Верона (југоисточно), Бреша (југозападно) и Тренто (северно). Езерото е голема туристичка атракција, со голем број хотели, туристички населби и забавни паркови по брегот.
Стариот утврден град Сирмионе, кој се наоѓа на полуостров на јужниот брег од езерото е особено популарно туристичко место, каде се наоѓат бањите Вирџилио и Катуљо уште од римско време, како и бројни ресторани, барови, хотели, модни продавници и пазар. Живописниот замок Скалигер датира од XIII век. Римската вила била домот на поетот Катул. Сулфурниот извор на врвот на полуостровот е познат по својата способност да лечи заболувања, особено оние кај увото.
. Posted in Географија
ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd