Дали сте знаеле од каде потекнува Дедо Мраз?
Дедо Мраз претставува личност во северноамериканската култура, од легендарен, митолошки и карактер, кој настанал со комбинација на холандскиот Синтерклас (Sinterklaas), англискиот Татко Божик (Father Christmas) и други традиционални божикни личности кои носат подароци. Тој носи подароци во домовите на добрите деца, за време на Бадниковата ноќ, на 24 декември.
Дедо Мраз претставен од телевизискиот продуцент за деца Џонатан Мет.
Ликот на Дедо Мраз потекнува од холандскиот лик Синтерклас, кој е дел од хагиографските приказни, во кои се раскажува за Свети Никола, историска личност која дели подароци.
Дедо Мраз се опишува како дебелкаст, насмеан човек, со бела брада и мустаќи, кој носи црвено палто и панталони со бели краеви, црн колан и чизми. Оваа слика за Дедо Мраз станува популарна во 19-иот век, во Канада и Америка, како резултат на значајното влијание на карикатуристот Томас Наст. Ликот на Дедо Мраз бил претставуван на радио, телевизија, во песните, детските книги и филмовите. Развивањето на ликот на Дедо Мраз во Северна Америка во 19-иот и 20-иот век, влијаело на модерната перцепција во Европа за Татко Божиќ, Синтерклас и Свети Никола.
Според традицијата која датира од 1820 година, Дедо Мраз живее на Северниот Пол, со голем број на магични џуџиња и осум или девет ирваси кои летаат. Од 20-иот век, Дедо Мраз почнува да прави список на деца од целиот свет, кој го дели на две групи. Во едната се послушните деца, на кои им носи играчки и слатки, а во другата оние непослушните на кои им носи јаглен на Бадниковата ноќ. Сето ова тој го постигнува со помошта од неговите џуџиња, кои во својата работилница ги изработуваат играчките и со помош на неговите ирваси, кои ја влечат неговата санка.
| Коментари |
|
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Како да стигнете до Бабин Срт? ( - Македонија)
- Вулкани ( - ОД СВЕТОТ)
- Ја знаете ли легендата за црната мачка? ( - Разно)
- Подреди ги планетите во Сончевиот систем по редослед од Сонцето ( - Астрономија)
- Од кога луѓето почнале да носат ракавици? ( - Разно)
- Најдолгите молњи ( - ОД СВЕТОТ)
- Која е првата цивилизација во светот? ( - Историја)
- Куршумли-ан ( - ОД СВЕТОТ)
- Што е „Тајната на Страдивариус“ ( - Историја)












ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd