Дек
19

Свети Никола

Свети Никола или Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски се смета за заштитник на морињата. На христијанските бродови обично се наоѓа иконата на светителот, а спроти денот на славењето бродовите застануваат каде и да се наоѓаат, се фрла сидрото во морето, ќе се помолат и ќе прославуваат цел ден, а утредента ќе го продолжат пловењето. На иконите Свети Никола се претставува со својата архиерејска одежда.

Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото Писмо.

Неговиот духовен живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нови Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите.

Уште додека бил жив, луѓето го сметале за светител и го повикувале на помош од страна на болните, несреќните и немоќните. Христијаните веруваат дека тој помагал на сите позиви и дека од неговото лице сјаело светлост. Во својата старост се разболел и починал на 6 декември 343 година. Неговите мироточиви мошти биле поставени во локалниот храм, и многу луѓе имаат најдено спас преку нив. Но во 1087 година, откако градот бил разорен и уништен, тие биле чудотворно пренесени во Бари, Италија, каде што се наоѓаат и ден денес.

Неговото име се слави насекаде низ светот. Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многу пати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во Германија, Холандија и Белгија се празнува како детски празник кога децата добиваат разни поклони во зависност од тоа кој колку бил послушен во текот на изминатата година. Заштитник на градот Амстердам, Руската федерација и Грција. Во православната црква е еден од најголемите и најпочитуваните светци. Градот Мира денеска го носи името Демре во Турција. Самите турци Свети Никола го препознаваат како Неол Баба.

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Разно

Последни коментари