Сонце

Сонцето (латински: Sol), е ѕвезда од класата на жолти џуџиња која се наоѓа во центарот на сончевиот систем. Земјата и друга материја (вклучувајчи други планети, астероиди, метеориди, комети и космичка прашина) орбитираат околу Сонцето, кое самото претставува 98,6% од целокупната маса на сончевиот систем, а тежи околу 200.000 пати повеќе од Земјата. Растојанието меѓу Сонцето и Земјата е приближно 149.600.000 километри и неговата светлина го минува ова растојание за 8,3 минути. Енергијата од Сонцето, во форма на сончева светлина, го одржува скоро целиот живот на Земјата преку фотосинтеза и ја управува земјината клима и време.
Површината на Сонцето се состои од водород (околу 74% од неговата маса, или 92% од неговиот волумен), хелиум (околу 24% од масата, 7% од волуменот) и мали количини на други елементи, вклучувајќи железо, никел, кислород, силициум, сулфур, магнезиум, јаглерод, неон, калциум и хром . Сонцето има G2V ѕвездена класа. G2 значи дека има површинска температура од приближно 5.780 К (5.500 °C), давајќи му бела боја која често заради атмосферското прекршување изгледа жолто кога се гледа од површината на Земјата.
Кога ќе почне да го снемува водородното гориво на Сонцето , тоа ќе прерасне во многу поголема и посјајна ѕвезда наречена црвен џин. Тоа на крај ќе ги отфрли своите надворешни слоеви во вселенскиот простор. Од сонцето тогаш ќе остане само мошне густа ѕвезда наречена бело џуџе пред конечно да се излади и да изгасне и да стане црно џуџе.
| Коментари |
|
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Што е всушност окото? ( - Наука)
- Што е VIOP телефонија? ( - Технологија)
- Колку сон ви е потребен во различните етапи од животот? ( - Медицина)
- Што е сув лед? ( - Наука)
- Розов снег на Алпите ( - ОД СВЕТОТ)
- Што се случува во мигот на умирање? ( - Медицина)
- Зошто мразот се лепи за кожата? ( - Човековото тело)
- Дали џамлиите се направени од мермер? ( - Разно)
- Срце ( - ОД СВЕТОТ)

Со реката Амазон во океан се влева околу 180.000m3 вода во секунда; катедралата на Свети Павле во Лондон би се преполнила за една секунда.









ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd