Авг
12

Кој е "виновникот" што денес постојат автомобилите?

На оваа прашање нема конкретен одговор. Историјата на автомобилите е многу богата и датира уште од од петнаестиот век кога Леонардо да Винчи креирал дизајни и модели за транспортни возила.
 
Постојат повеќе видови на автомобили – на пареа, на бензин и електрични – како и безброј стилови и модели. Кој точно го измислил автомобилот е прашање на проценка. Иако Никола Кињо често се спомнува како првиот кој направил механичко возило на сопствен погон или автомобил уште во 1769 со преправка на коњска кола, многумина го оспоруваат ова тврдење сметајќи дека неговото возило на три тркала никогаш не било во состојба да се движи или да одржи рамнотежа.
 
Ако треба да се посочи само еден, тогаш тоа најверојатно би бил Карл Бенц од Германија. Многу факти докажуваат дека тој го конструирал првиот автомобил во 1885/1886.
 
Автомобилот со погон на четири-тактен бензински мотор бил направен во 1885 година во Манхајм, Германија од Карл Бенз. Тоа бил потполн дизајн, без преправки и прилагодувања на постоечки компоненти, со вклучени бројни технолошки елементи за да се создаде нов концепт. Тој започнал да ги продава своите возила во 1888 година.
 
Сепак, постојат многу луѓе кои се заслужни за автомобилот да ги има изгледот, брзината и карактеристиките кои ги поседува денес.

 

 

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Наука

Последни коментари