Сеп
07
По што е познат Вавилон?

Стариот разурнат град Вавилон се наоѓа на реката Еуфрат, во Ирак, 89км јужно од Багдад, во близина на новиот град Ал Хилах. Вавилон е еден од најпознатите антички градови. Веројатно населен во третиот милениум пред нашата ера, овој град бил покорен од амуритските кралеви околу 2000 г.п.н.е. Станал главен град на Вавилонија и бил главен трговски центар во долината на Тигар и Еуфрат.
Својата најголема слава ја стекнал како главен град на Неовавилонската Империја, за време на владеењетоа на Набукодоносор II. Градот бил освоен од Александар Македонски во 331 г.п.н.е., кој таму и умрел на 10 јуни 323г.п.н.е., само еден месец пред да наполни 33 години.
Вавилон, во тоа време бил најголемиот град во светот и содржел многу храмови, вклучувајќи го и големиот храм Мардук и придружниот Зигурат, кои се инспирација за приказната за Вавилонската кула.
Висечките градини, кои претставувале скалести ритчиња со вегетација, биле едно од седумте светски чуда.
Денес Вавилон е место со многу културни и значајни споменици од минатото и совршен спој на сегашноста. Во градот со високи порти и градини со леандри кои се спуштаат од стрмините височоини на ѕидините претставува ретко чудо. Значајна туристичка дестинација, обновена по жестоките судири на мелитантните групи и војските на третиот свет.
| Коментари |
|
Powered by GLOBAL NET
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Кога е откриен сапунот? ( - Наука)
- Како се избира датумот за Велигден? ( - Разно)
- Кое е најбрзото животно на Земјата ( - Светот на животните)
- Езеро Маџоре ( - Географија)
- Низа интересни факти - 5 дел ( - Разно)
- Кој бил Џани Версаче? ( - Уметност)
- Кој инсект живее најдолго? ( - Светот на инсектите)
- Комета со најдолга опашка ( - ОД СВЕТОТ)
- Војдан Поп Георгиев - Чернодрински ( - Историја)












ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd