Како да се ослободите од комарците?
Секое лето комарците нè посетуваат и досадуваат со своето зуење, посебно во вечерните часови. Каснувањето од комарец освен што предизвикува чешање, може да биде и опасно бидејќи тие се преносители на болести, како што се жолтата треска, заразна тропска треска, маларија, западен нилски вирус и други. За среќа, постојат начини на кои можете да се заштитите од овие летни натрапници.
Платно
Поставете го на вратите и прозорците за да не може комарец да влезе во домот лесно. Ова се докажало како најефикасен начин.
Мрежа против комарци
Се поставува околу креветот. Освен што дава подобар изглед на креветот, претставува и многу ефикасен начин за заштита.
Свеќа со мирис на цитронела
Цитронела е растение кое има специфичен тежок мирис, и уште е познато како растение на комарците. Димот од оваа свеќа ги брка комарците. Најдобар ефект постигнува во затворен простор.
Мирис од ванила
На вашиот простор ќе му даде пријатен и сладок мирис, кој е голем непријател на комарците.
Облека со долги ракави
Носењето на блуза со долги ракави и долги панталони кога се излегува навечер, е од голема помош при заштита од комарци. Нормално, облеката треба да биде од лесен материјал, кој нема да ве затопли уште повеќе, а сепак ќе ве заштити од каснувања.
Перметрин
Најчесто се користи за заштита на облеката од инсекти, меѓутоа, често се користи и за заштита од комарци. Не само што ги одбива, туку и ги убива комарците. Неговите ефекти траат дури и по неговото измивање.
Пластична кеса со вода
Наполнете една пластична кеса со вода и затворете ја. Закачете ја во просторот кој сакате да го заштитите од комарци. Иако звучи необично, ефектот е неверојатен.
| Коментари |
|
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Крал во шпилот карти ( - ОД СВЕТОТ)
- Што е матичен млеч ? ( - Медицина)
- Зошто се кријат? ( - Светот на животните)
- Каде се наоѓа најголемата пирамида ? ( - Географија)
- Кој ја конструирал првата хармоника? ( - Разно)
- Мравки ( - ОД СВЕТОТ)
- Што е рециклирање? ( - Наука)
- Амазон ( - ОД СВЕТОТ)
- Што е часовник? ( - Технологија)











ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd