Ное
22

Болести на срцето

Неколку болести на срцето заедно со симптомите и причини за појава:
 
ПЕРИКАРДИТИС е воспаление на обвивката на срцето, причини се: бактериски и вирусни состојби, туберкулоза, инваркт на миокардот и др. Може да биде акутен и хроничен. Знаци се: зголемена температура, потнење, силна болка во градите, градна коска, забрзано и површно дишење, општа слабост и омалаксалост и депресивни состојби проследени со страв.
 
МИОКАРДИТИС е воспалителен процес на срцевиот мускул, најчесто поради ревматизам, туберколозасифилис, бактериски и вирусни состојби, алергии и друго. Симптоми се отежнато дишење, забрзана работа на срцето, низок притисок, ладни раце и нозе, помодрени прсти и нокти на рацете и слично.
 
ИНСУФИЦИЕНЦИЈА е слабост на срцевиот мускул, поради што срцето не е во можност да го одржува ритамот на работа. Причини се: разни срцеви оштетувања, оштетување на залистоците, зголемен крвен притисок, миокардитис, инфарцт на миокардот, артериосклероза, вродени срецви мани и сл. Инсувициенцијата се јавува кај стари луге. Се манифестира со забрзано и површно дишење, суво кашлање, вознемиреност, несоница, набрекнати вратни жили, отоци по раце и нозе, чукање на срцето.
 
АНГИНА ПЕКТОРИС е болест поради лоша исхрана на срцевите крвни садови и недостаток на кислород. Причини се: зголемен крвен притисок, шекерна болест, гојазност, алкохол, тутун. Знаци се: градни болки, болки во левата рака и грбот, доста јаки и силни, се јавува стегање, притисок и задушување. Времетраење на болката е до 10 минути, обично се јавуваат кај тешка физичка работа и високи температури.
 
НЕРВОЗНО СРЦЕ. На почетокот не е сериозно заболување, се чувствува физичка исцрпеност, чувство на задушување, ладна пот на челото и слично.
 
ТАХИКАРДИЈА е забрзана работа на срцето и до 200 пати во минута. Причини се: стресови, температура, крварење, предозираност со кафе, алкохол, цигари, болест на тироидата. Знаци се брзо дишење, силен притисок во градите, чувство на недостаток на воздух и аритмија.
 
БРАДИКАРДИЈА е појава кога срцето отчукува помалку откуцувања од 50 во минута. Причини се: старост, истоштеност, тумор во мозокот, менингитис, жолтица, тифус и друго. Знаци: чувство на измореност, вртоглавица, темнеење пред очите, мал крвен притисок, отоци по рацете и нозете. Можно е да се дојде до оштетувања на работата на други органи.

 

Коментари
Додади ново Пребарај
Болести на срцето
Gjorgi Gjorgiev 2012-01-19 18:50:53

Митралната стеноза е предизвикана од
стеснување на митралниот отвор,поради
мегусебното стеснување на
комисурите,кутисурите,или тендинозните
хорди,со отежнат проток на крвта од левата
преткомора во левата комора.
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Човековото тело

Последни коментари