Интелигенцијата е способност на човекот да рзамислува на високо ниво. Таа ги опфаќа можностите за учење, памтење и размислување. Овој термин се употребува за опишување на човекот, на пример, како што се зборува за перформансите при опишувањето на некој автомобил. Двата термини се однесуваат на вкупната ефикасност: комбинацијата на човечките творечки, говорни и просторни способности на еден човек и комбинацијата на забрзувањето, сопирањето и малата потрошувачка на
гориво на еден автомобил. Некој може да биде многу добар математичар, но да има ограничени говорни способности. Задачите во тестовите за оценување на интелигенцијата ги земаат предвид сите фактори при оценувањето на вкупната интелигенција на еден човек.
ВИДОВИ ИНТЕЛИГЕНЦИЈА
Ние интуитивно ги оценуваме луѓето како паметни или глупави во зависност од нивните способности да се снајдат во состојби во кои е потребно да се покажат нивните интелектуални способности. Јасно ни е дека некој кој добро се снаоѓа аритметиката може да има големи тешкотии при сместувањето на работите во багажникот во автомобилот. За луѓето кои се интелектуално способни во различни области на животот се смета дека имаат добра „општа интелигенција“. Проучувањата покажаа дека општата интелигенција влијае на секоја човечка активност. Сепак, повеќето луѓе можат да постигнуваат подобри резултати во помалку области. Луѓето кои се добри говорници не мора истовремено да се снаоѓаат добро во просторот и обратно. За решавање на некои задачи на тестот за оценување на интелигенцијата се потребни знаења од одредена област (кристализирана интелигенција), други подразбираат решавање апстрактни проблеми (течна интелигенција). Во текот на животот луѓето се соочуваат со емоционално многу тешки состојби.
Се смета дека способноста за сочувствување и да се соработува со други луѓе, како и способноста за разбирање на своите емоции, претставува „општествена интелигенција“, иако постојат малку докази за постоење ваков вид интелигенција.
Извор: ЧОВЕК – Голема Илустрирана Енциклопедија, Младинска книга Скопје, 2007, стр. 178
. Posted in Човековото тело
ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd