Јул
11

Зошто одиме во круг кога ќе се изгубиме ?

Еве еден сигурен начин да добиете опклада! Предложете му на својот пријател/ка да одат по тротоарот со врзани очи, а да не преминат преку ивицата. Набргу ќе ја изгуби опкладата бидејќи наскоро ќе почне да оди во круг!

Луѓето кои ќе се изгубат во магла често одат во круг, замислувајќи дека одат во одреден правец. По некое време стигнуваат на истото место од каде што тргнале.
Зошто не можеме да одиме право без помош на нашите очи? Затоа што нашето тело е асиметрично. Тоа значи дека не постои совршена рамнотежа помеѓу нашата лева и десна страна. Ако се гледате во огледало ќе приметите дека вашата десна страна е повеќе развиена од левата. На пример, вашиот образ е поиспапчен од левиот, или десната страна на устата, десното око и уво се по оштро обликувани од левата страна. Срцето е на левата страна, р'бетниот столб не е соврешено прав, односно скелетот е асиметричен. Сето тоа значи дека структурата на муслулите е асиметрична и дека телото не е во совршена рамнотежа.
Поради тоа што нашите мускули на десната страна се поразвиени од левата, тоа влијае на нашиот од. Кога ги затвараме очите движењето зависи само од нашите мускули, не и од нашите очи. Така одиме во круг.

Ова не се однесува само на нашите нозе, туку и на рацете. Правени се испитувања на возење на автомобил со врзани очи, и на отприлика 20 секунди возачот вози надвор од патеката.

 

Поради тоа отворете ги очите ширум кога одите пешки или возите !

Сега може да замислите колкав тренинг им треба на акробатите во циркус на пример да го постигнат тој совршен баланс во своето тело ! Сетете се и на Баскерфест во Скопје !

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Човековото тело

Последни коментари