Јун
29

Како растат влакната?

Растот на влакното зависи од повеќе фактори, како што се тежината, возраста, метаболизмот, хормоните итн. Влакната од целото тело, во текот на растот поминуваат низ три фази. Меѓутоа пред нив се случува уште нешто. Прво, се формира фоликула на влакното, која под кожата формира структура на кожно ќесе и тоа што се гледа е  отвор за влакното и ткиво кое пораснало од фоликулата. Потоа следат трите фази.

 

Фаза Анаген или Фаза на активно растење
Оваа фаза трае по неколку години и во определено време. Најголемиот дел од влакната на телото приближно 85% од својот животен век го поминуваат во оваа фаза. Во овој период влакното во својот состав има голема количина на меланин. Карактеристика на фазата е што постојат одредени микро структури, кои што го поттикнуваат и регулираат растот на влакното.  Крвните садови во фазата на раст се во директен контакт со самата фоликула.

Фаза Катаген или Фаза на регресија
За време на оваа фаза, влакното престанува да расте, меѓутоа сè уште не е мртво. Започнува полека да се повлекува од првичната структура во која се развивало, и поврзаноста со крвните садови е целосно прекината. Траењето на втората фаза е обично 2 недели и на определено време. Втората фаза ја поминуваат приближно 3 – 4%  од влакната од телото.

 

Фаза Телоген или Фаза на одмор
Сега веќе влакното е подготвено да падне, на ниту еден начин не е поврзано со микро структури под кожата и веќе започнува нов процес на растење на влакно. Траењето на фазата на одмор е од 5-6 недели и приближно 10 – 13% од влакната на телото поминуваат низ оваа фаза. Според спроведени истражувања, докажано е дека луѓе кои се изложени на стрес, напнатост или се болни, поминуваат помалку време во оваа фаза, што резултира со поголемо опаѓање на влакната и намалување на процесот на нивно обновување.

 

Забележливо е дека влакната на главата, односно косата, растат подолго од веѓите, бидејќи тие остануваат подолго време во фазата на активен раст, додека кај веѓите помалку од 10% од влакната остануваат во таа фаза.

 

Човечкото тело има многу повеќе влакнести фоликули отколку горилата или шимпанзото, меѓутоа изгледа ко да има помалку поради тоа што се бледи и не се видливи голо око.

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Човековото тело

Последни коментари