Јун
16

Како гледаме тродимензионално?

3d поглед, 3Д гледањеКако знаеме дали еден објект е поголем од друг и кој објект е подалеку ? Зошто се околу себе гледаме во три димензии ?

Кога гледаме, ние не гледаме само со очите, туку и со разумот и со искуството со кое сме се стекнале. Нашиот разум, кој почива на нашето искуство, ни помага да го разбереме тоа што го гледаме. Доколку тоа не е така, ние навистина би биле збунети.

На пример, врз основа на нашето искуство имаме претстава за големината на предметите. Човек кој се наоѓа во чамец на одредена далечина изгледа многу помал од човек што е на брегот. Но ние нема да кажеме дека некој од нив е покрупен или поситен, туку ќе кажеме дека еден од нив се наоѓа подалеку.

Кои други искуства ги користи нашиот разум ? Едно од нив е перспектива. Кога гледате железничка пруга, во далечината ви изгледа дека тие се спојуваат. Искуството ве научило дека предметите кои се блиску до вас ги гледате оштро, а тие што се подалеку изгледаат нејасно.

Врз основа на искуството сте научиле да ги „читате“ сенките. Сенката ви помага да го одредите обликот на предметот.

Со помош на движењето на главата може да одредите дали дрвото или јарболот се наоѓаат поблиску до вас. Еве како : затворете го едното око и мрдајте ја главата. Подалечниот предмет ќе изгледа како да се движи исто како и вие, додека предметот поблиску до вас ќе се движи во обратен правец.

И на крајот, заедничката работа на двете очи во даваат важни податоци. Објекитите што се доближуваат кон вас ги тераат вашите очи да се напрегнат повеќе. Ова напрегање ви укажуваат на далечината. Освен тоа, секое око добива различна слика, а тоа ви помага во одредувањето на далечината.

Се ова, покажува дека тродимензионалната слика зависи во голема мерка од поранешното искуство, кое разумот треба да го протолкува.

Колку за пример, оваа слика веднаш ви изгледа дека е сликана од дното на океанот кон површината.
 

 

 

 

 

 







И да не заборавиме едно интересно видео од Youtube каде што луѓето си играат со разумот на човекот.

Коментари
Додади ново Пребарај
Напиши коментар
Име:
Email:
 
Наслов:
UBB Код:
[b] [i] [u] [url] [quote] [code] [img] 
 
:angry::0:confused::cheer:B):evil::silly::dry::lol::kiss::D:pinch:
:(:shock::X:side::):P:unsure::woohoo::huh::whistle:;):s
:!::?::idea::arrow:
Потребно е да го внесете кодот заради спам заштита!
Powered by GLOBAL NET

3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."

. Posted in Човековото тело

Последни коментари