Што се случило дента за 30 јуни 1908 година?

Рано наутро на 30 јуни 1908 година (околу 7ч. 15 мин. локално време) над Централен Сибир прелетал огромен болид, споредлив по сјај со Сонцето. Појавата била придружена со тресок кој звучел како артилериски плотуни. Следувала експлозија за којашто подоцнежните пресметки покажале дека е еквивалентна со 10 - 40 мегатона TNT.
По сведочењата на очевидци болидот бил набљудуван на оддалеченост поголема од 700км од епицентарот на експлозијата. По него останала моќна трага на прашина за чиешто расејување биле неопходни неколку часови. Центарот на погодената област бил прикриен со мртви дрва. Во зона со радиус од околу 5км дрвјата стоеле исправени, но со испокршени гранки, подгорени и со излупена кора. П
рвиот научник, којшто се заинтересирал за Тунгуската појава, бил геологот и истражувач на метеори Леонид Кулик. После многу години истражувања од најразлични стручни лица, било покажано дека засегнатата област има форма на пеперутка и плоштина 2150км квадратни. Масата на Тунгускиот објект била оценета меѓу 100.000 и еден милион тони, кој експлодирал на висина од 5-10 км над површината на Земјата.
Некои аспекти на Тунгускиот феномен се уште остануваат неразјаснети - на примет магнетната бура која продолжила во текот на 3 часа. Тоа е причината, интересот за овој настан да не стивнува, а истражувањата да продолжуваат.
| Коментари |
|
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Како бил изграден Ѕидот на плачот? ( - Историја)
- Нешто за Млечниот пат ( - Астрономија)
- Дали гулабите некогаш носеле писма ( - Историја)
- Колку заработува Џордан? ( - Спорт)
- Што значи Yahoo ( - Интернет)
- Кое е најбрзото животно на Земјата ( - Светот на животните)
- Никола Тесла ( - Наука)
- Густина на население ( - Географија)
- Која птица патува најдолго за време на миграцијата ( - Светот на птиците)












ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd