Што се Сатурновите прстени
Галилео, првиот човек кој со телескоп го испитувал небото, уште во 1610 година забележал нешто што изгледало дека излегува од неговата површина!Во 1655 година научникот по име Кристијан Хајгенс го изучувал Сатурн со подобар телескоп и видел нешто толку чудно за кое не смеел никому да кажува! Своите набљудувања ги запишувал шифрирано и подоцна кога е откриено што напишал, било запишано : „Тој (Сатурн) опкружен е со тенки прстени, кои никаде не го допираат, и е наведнат кон еклиптиката“.Сатурновите прстени, кои толку го запрепастиле човекот кој прв ги открил, и понатаму остануваат тајна на нашиот Сончев систем. Всушност, колку што е е познато денес, такви прстени не постојат на друго место во вселената!
Секако, освен прстените за Сатурн знаеме и некои други детали. Потребно е 29 1/2 година да го заобиколи Сонцето, втора планета по големина и има 10 сателити кои кружат. Опкружен е со атмосфера која не можеме да ја пробиеме, но знаеме дека е цврста материја. Можно е да има метална маса во јадрото на планетата.
Постојат три мистериозни прстени! Сите три се наоѓаат на иста рамнина, како три круга на рамен тањир, и лежат во рамнината на Сатурновиот екватор. Ширината на овие прстени е околу 250 000 км.
Средниот прстен е најсјаен. Одвоен е од надворешниот прстен со темен простор, а внатрешниот е многу магловит. Колку што е познато, прстените не се од цврста или течна материја. Се состојат од мали одвиени делови материја, но гледано од Земјата изгледаат споено. Поради нивната накосеност, прво се гледа северната страна, а потоа јужната. Но, што се, како настанале, сеуште останува тајна!
| Коментари |
|
3.21 Copyright (C) 2007 Alain Georgette / Copyright (C) 2006 Frantisek Hliva. All rights reserved."
Разни содржини
- Земја ( - ОД СВЕТОТ)
- Кое е најчестото животно на светот? ( - Светот на животните)
- Што симболизира фениксот? ( - Историја)
- Дали папата Јована е само легенда? ( - Свет)
- Дали сте знаеле од каде потекнува Дедо Мраз? ( - Разно)
- Францускиот јазик ( - ОД СВЕТОТ)
- Што (не)знаете за марихуаната? ( - Светот на растенијата)
- Колку е старо морското дно? ( - Наука)
- Кариес ( - ОД СВЕТОТ)











ti blagodaram sto ja spasi makedonija...
Mnogu te sakam Goce Decev ucitelu ja...
3
Па мајка му султана ...
csadwadawdawd